Утре и во петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Потоа следува период на стабилно и сончево време. Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Прогноза за 03.07.2026
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 27°C до 35°C
Променливо облачно и нестабилност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со град.
Прогноза за 04.07.2026
Минимална температура: 13°C до 20°C
Максимална температура: 26°C до 34°C
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (наместа над 60 km/h).
Прогноза за 05.07.2026
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 26°C до 35°C
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.


