Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски одработува за оние што сакаат да ја оддалечат земјата од ЕУ и НАТО

„Христијан Мицкоски е фрустриран затоа што премиерот на државата и претседател на СДСМ, Зоран Заев, жестоко ги брани националните и државни интереси како што се членството во ЕУ и НАТО. Заканите од хибридни напади, лажните вести и манипулациите се само затоа што нашата држава веќе годинава станува 30. земја членка на НАТО”, соопшти СДСМ.

Според партијата, Мицкоски треба да се засрами што им слугува на туѓите интереси, на они кои не сакаат да продолжи напредокот, што стануваме членка на НАТО и напредуваме во интеграцијата во ЕУ.

„Покрај сите лажни вести, манипулации, покрај деструктивноста на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, успехот во нашите стратешки цели на државата и граѓаните не може да се запре.Напредокот во реформите и интеграцијата продолжува. Северна Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ колку и тоа да не му се допаѓа на Мицкоски”, се додава во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ реагира: Платформа на ВМРО за уривање на СДСМ и дефокус

ДЕСК

Мистериозна трагедија ја потресе Македонија: Пронајдено тело во распаѓање на жена во Зрновци, се шири морбидна приказна

ДЕСК

Мицкоски го поништи сопствениот став и ноншалантно на граѓаните им ги препушти калкулациите како да се снајдат за преживување, тврди Левица

ДЕСК