Centar.mk
фото илустрација
МАКЕДОНИЈА

Полицијата заплени 7 кубика нежигосано огревно дрво

На 20.03.2026 во 16:00 часот во близина на с.Света, демирхисарско, од страна на полициски службеници од ОВР Крушево пронајдено и одземено е патничко возило „опел” со битолски регистарски ознаки натоварено со бесправно исeчено огревно дрво и моторна пила, сопственост на лице(51) од с.Света.

Исто така, полициски службеници од ОВР Крушево на 19.03.2026 во 15:00 часот во близина на ул.„Нико Доага ” во Крушево пронајдоа 4,20 м3 нежигосани букови огревни дрва, а во непосредна близина, во дворно место пронајдени се и 2,80 м3 нежигосани букови огревни дрва.

Дрвната маса е предадена на шумска полиција и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

Температури до 33°C и невреме! Синоптичарите објавија повеќедневна прогноза

ДЕСК

Драма во пехчевско село: Петгодишно дете тешко повредено по удар од електричен тротинет

ДЕСК

Вознемирувачки случај во Драчево: Зрно од огнено оружје завршило во двор од куќа

ДЕСК