Centar.mk
МОЗАИКИЗБОР

Како на филмовите: Мечка во Колорадо влегла во автомобил, го ставила во лер и возела 30 метри по надолнина

Деликвентска мечка насилно влегла во паркиран автомобил во Колорадо и успеала да извози 30 метри по надолнина пред да го удри возилото во дрво и да исчезне без трага, пренесува РТ. Инцидентот се случил минатиот четврток.

Мечката ја отворила вратата и се качила во отклучениот автомобил во гратчето Боулдер, Колорадо, објави канцеларијата на локалниот шериф. Потоа вратата се затворила и мечката очигледно се почувствувала заглавена, па почнала френетично да излегува и случајно со задникот го ставила автомобилот во лер.

Возилото почнало да вози по патот и се спуштило 30 метри по ридот, а запрело откако удрило во дрво, по што мечката излегла и избегала.

Сликата од „местото на злосторството”, што ја сподели канцеларијата на шерифот на округот Боулдер го покажува уништениот „хечбек“ во близина на едно дрво, со широко отворени врати и уништена внатрешност. Целата ситуација служи како добар потсетник за да се заклучуваат вратите на автомобилите, особено во земјата на мечките, рече полицијата.

Ова не е прв случај мечка да влезе во паркирано возило во Колорадо. Минатата година безбедносна камера во Боулдер снимила како мечка се приближува до автомобил, успешно отвора три врати, се качува внатре, а потоа заминува.

„Мечките постојано влегуваат во отклучени автомобили”, изјави во тоа време портпаролот на „Колорадо паркс енд вајлдлајф“.

Можеби ќе ве интересира

Дневен хороскоп за 15 јануари 2026

ДЕСК

Емоции, пари и тајни одлуки: Што навистина носи 14 јануари за хороскопските знаци

ДЕСК

Февруари носи пресврт за Вагите по две години искушенија и несреќи: Судбината конечно им враќа со добро

ДЕСК