Centar.mk
БИЗНИС

Венчавката од соништата организирана во срцето на градот

Комплетната организација на настанот, приемот на гостите, менито, услугата, просторот, декорациите и уште многу други елементи ја прават свадбата да биде моментот кога и младенците и гостите ќе уживаат.

Без разлика дали сакате голема или мала венчавка, организирањето и изборот за магичната вечер бара донесување на многу одлуки. За организирање на беспрекорна и релаксирана свадбена свеченост на којашто секој ќе ужива, потребен е професионален тим со идеи за инспиративна венчавка, декорација на просторот, соодветно осветлување кое ќе ја долови магичната атмосфера, избор на храна и свадбена торта.

Пронаоѓањето идеална локација за прославата е клучот на сите прашања околу овој настан. Скопје Мериот хотел е токму таква локација, во срцето на главниот град каде секогаш се нуди нешто ново, иновативно и креирано согласно најновите трендови и стандарди.

Посветениот тим на Скопје Мериот хотел има за цел да помогне при донесувањето правилни одлуки за идните невести и за нивната венчавка од соништата. Предностите и погодностите кои ги нуди хотелот се големи, а почнуваат од дегустација на свадбени менија и пијалаци, појадок во соба, користење на спа и фитнес центарот, вредносен ваучер од Дистрикт бар и ресторан за првата годишнина од брак, поени од програмата Marriott Bonvoy, користење на претседателскиот апартман за младенците кои ќе резервираат датум за венчавка во хотелот.

Ниту една свадба не е премногу мала или премногу голема, а ниту еден детаљ не треба да остане надвор од беспрекорната координација.

Повеќе информации за сите можности и опции околу свадбената свеченост и какви поволности следат, може да се добијат на 02 510 2510 или skopje.sales@marriott.com.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении

ДЕСК

GLOBAL DIGITAL CITY 2026 ЗАВРШИ СО ДВОДНЕВЕН НАСТАН ПОСВЕТЕН НА BPO, ИКТ, ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ И РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ

ДЕСК

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици

ДЕСК