13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Нова цена на горивата од утре

Регулаторна комисија за енергетика утре напладне треба да ги соопшти новите цени на горивата, кои ќе важат од полноќ.

Минатата недела цените се зголемија од еден денар до денар ипол.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 се зголеми за 1,50 денари за литар, додека цените на ЕУРОСУПЕР БС-98, дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемија за еден денар.

Согласно најновата одлука на РКЕ, ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава по 68,50 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава по цена од 70,50 ден/литар. Малопродажната цена на дизелот е 61,50 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 51 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот се зголеми за 1,612 ден/кг во однос на претходно утврдената цена така што новата цена на мазутот е 34,849 ден/кг.

Покачувањето на цените на бензините се должи на зголемувањето на цената на нафтените деривати на светскиот пазар и на понискиот курс на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период.

Останува утре да видиме дали не очекува уште едно зголемување на цените.

Спонзорирано: