Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Премиерот Заев со граѓаните на Штип: Со мерката ,,Мој ДДВ” враќаме пари назад кај граѓаните и без казни ја намалуваме сивата економија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, заедно со градоначалникот на Штип Благој Бочварски денеска беа со граѓаните на Штип.

Со прошетка низ градот, посета на неколку локални дуќанчиња, преку разговор со граѓани на теми кои се важни за нив, како и за мерките на Владата со кои се подобрува животниот стандард и парите се враќаат назад, кај граѓаните.

Премиерот Заев разговараше со повеќе граѓани за примената на мерката ,,Мој ДДВ”, која стартуваше од 1 јули годинава и со која 15 проценти од секој платен ДДВ се враќа кај граѓаните.

,,Реализацијата на мерката ,,Мој ДДВ” е одлична. За кратко време веќе има многу граѓани кои се вклучени”, рече премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање и информирајќи дека заклучно со четвртокот (4 јули) биле прокнижени 120 илјади евра, пари за граѓаните кои се акумулирани само за неколку дена.

„Веруваме дека со употребата на оваа мерка, граѓаните ќе одиграат значајна улога во надминувањето на сивата економија и квалитетни пари ќе се вратат кај граѓаните”, оцени премиерот Заев додавајќи дека ова е ,,елегантен начин”, без казни да се надмине сивата економија.

Премиерот Заев пред Штипјани најави уште неколку нови мерки, кои ќе обезбедат бенефиции за пензионерите и сите категории граѓани во однос на подобрување на услугите во здравството, социјалата, детската заштита и други области.

Можеби ќе ве интересира

НОВА ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ: Возач на пасат прегази велосипедист кој почина – шоферот побегнал, а возилото го оставил

ДЕСК

По победата на локалните избори, Билал Касами – иден претседател на ВЛЕН?

ДЕСК

Полицијата упадна во дом во Кочани: Пронајдени 11 лица како играат комар, а полицајците нашле и пари

ДЕСК