14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ на власт не правеше проекти, туку утки

ВМРО-ДПМНЕ спои криминал, земање провизи и неспособност, затоа резултатот им е само 7 километри автопат за 11 години и бандери на среде пат, реагира Социјалдемократскиот сојуз на Македонија по коментарот на опозицијата дека власта се кити со нивни перја во делот на капиталните инвестиции.

„ВМРО-ДПМНЕ поврза криминал и земање провизии со неспособност, а резултат на тоа за време од 11 години се само 7 километри автопат а оставен огромен хаос, нерешени и натрупани проблеми и бандери на сред пат. Не се тоа „проекти“ како што зборува ВМРО-ДПМНЕ туку утки. Сликата со бандерите на среде пат говори за неспособноста и односот на ВМРО-ДПМНЕ кон потребите на граѓаните“, велат од СДСМ.

Влдејачката партија партија додава дека само на автопатот Миладиновци-Штип имало нерешени имотно правни проблеми, свлечишта, непредвидени надвозници, одводни цевки, непремостени инсталации, заштитни огради итн.

„За само 2 години сите натрупатни проблеми ги реши Владата предводена од СДСМ и авопатот Миладинови – Штип е пуштен за употреба. Решени се сите проблеми и на Автопатот Кичево-Охрид. СДСМ ги решава проблемите што ги остави ВМРО-ДПМНЕ и интенизвно гради по план. Во моментов се реализираат над 80 проекти за изградба и реконструкција на патишта во должина од повеќе од 700 километри. За 2 години СДСМ направи повеќе во инфраструктурата од 11 години за време на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

Спонзорирано: