24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Макрадули: СДСМ е посветен на обезбедување подобар живот за сите граѓани, новиот систем подразбира редовно оценување на политиките

Членот на Централниот одбор на СДСМ, Јани Макрадули синоќа се сретна со граѓаните на Пробиштип.

На средба со граѓаните се разговараше за политиките, мерките и проектите коишто ги спроведува СДСМ на локално и на централно ниво. Тимови на СДСМ забележуваа предлози и препораки на граѓаните, што сметаат дека е добро сработено во изминатите 2 години, што треба да се корегира.

Макрадули го презентираше новиот систем на работа на СДСМ, воведен во интерес на граѓаните и забрзување на напредокот на државата.

„Како државотворна и одговорна партија се обврзавме за промени и тие ги спроведовме. Нашата цел е да забрзаме напредокот, процесот на реформи да се интензивира. Преку нов систем на делување и работење да одговориме подобро и поефикасно на барањата и потребите на граѓаните. Затоа сме и вечерва тука, со вас, граѓаните. Знаеме дека во Пробиштип, локалната и централната власт реализираа повеќе проекти од интерес на граѓаните. Последниот денеска започна, изградба на нови 48 станови за социјално ранливи граѓани. Тука сме да ве слушнеме што е она добро што е сработено, што треба да се подобри. Заедно со вас да го забрзаме напредокот“ – рече Макрадули.

СДСМ е посвенета на обезбедување подобар живот на сите граѓаните. Продолжуваме на средби со граѓаните, секој ден, континуирано.

Тимови на СДСМ на централно и локално ниво, придужувани од партиски носители на функции, советници, нашите градоначалници, директори ќе се сретнат со граѓаните ширум републиката во текот на летото. Новиот систем на СДСМ значи редовно оценување на политиките, програмите и проектите на сите можни нивоа.