24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: За Заев надвор од свест е да се зборува за провизии на групен состанок, тој сака договори во четири очи

Јавното обвинителство треба да се охрабри и согласно закон да поведе постапка против Рашковски и да побара притвор за истиот, како тој нема да може да избега, да го повтори делото, ниту, пак, да влијае врз сведоци, велат од ВМРО-ДПМНЕ по наводниот скандал за тендерот за набавка на радарски систем во кој се споменува името на владиниот генерален секретар.

Според опозициската партија, изјавата на Заев дека „да се зборува за провизии на состанок каде биле осум души апсолутно е далеку од која било нормална свест“, само докажува дека човекот е научен да бара поткуп во друг формат од начинот на којшто дејствува неговиот генерален секретар Рашковски.

„Провизии во една правна држава не смее да се договараат ниту во четири очи како што целата јавност виде дека Заев практикува во случајот ‘евро за Вице’. Во секоја држава членка на ЕУ функционерот криминалец би завршил во затвор, а не да добие амнестија, како што Заев беше ослободен од македонскиот суд“, се наведува во партиското соопштение.

Во него се нагласува дека за ситуацијата со Рашковски недозволиво е Јавното обвинителство да молчи за случај каде постои сомнеж за криминал за кој е предвидена казна затвор од над пет години.