24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Полицата во контрола – возачи управувале пијани и без возачка дозвола

Во текот на изминатиот ден (04.07.2019г.) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 76 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај исклучени се 24 возачи од кои: шест возачи управувале возило под дејство на алкохол и 18 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и 15 возила кои не биле регистрирани. Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престигнување, седум возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 13 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 14 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатите денови издадени се 76 мандатни платни налози и 63 возила се подигнати со специјално возило „пајак”. Изминатиот ден се случиле шест сообраќајни незгоди во кои три лица се здобиле со телесни повреди.