Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Кулминација на клупскиот живот преку мултисензорно доживување

Експертот за незаборавни летни журки е повторно во главниот град! По култните NEULAND SENSORIUM, кој беше крунисан со епитетот „настан на годината“ во 2017-та година, Skopje и Ohrid Calling, Juan Atkins & Jeff Mills во античкиот театар во Охрид, NEULAND Nights во соработка со Reborn во 2018-та година и годинешниот Skopje Calling, време е за ново уникатно доживување кое ќе ви ги предизвика сите сетила.

NEULAND MYSTERIUM, новото мултисензорно доживување со иновативен концепт кој е збогатен со добра музика, ветува дека повторно ќе нè соочи со мултидисциплинарниот концепт на NEULAND што подразбира слобода, неограничени можности во креативниот израз и самоопределување.
Излезете од вашата комфорната зона, дозволете му на NEULAND уште еднаш да ви пружи врвно уживање, препуштете се на забавата и доживејте една поинаква приказна од скопскиот ноќен живот.

Овој четврток во Ragusa Rooftop 360 ќе се сретнат моќното и мистериозното во експлозија од емоции кои ги преплавуваат сите сетила. Побрзајте и земете ја вашата покана во еден од следните локали: Синдикат, Цреша бар и Рузвелт.

Влезниците се во ограничен број и важат за две лица. За подетални информации, посетете ги инстаграм профилите на скопските кафулиња.

Во тренд