12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЉУБОВ И СЕКС

Со три чекори до подобар секс

Сексот е пред се физичка активност, но доколку мислите дека потребна е само добра “акција” за добар секс тогаш се лажите себеси.

Речиси секој знае дека сексот е пред се ментална игра која може да се подели во три чекори како да се дојде до подобар секс.

Во првиот чекор треба да се запознае “противникот”, истото она време кое го трошите при флерт и при дознавање на сите извори за како да им пријдете на девојка или момче треба да го искористите и во овој чекор за да ги дознаете сите секси фантазии и потреби на партнерката/партнерот. 

Но треба да се знае дека никој не ги искажува своите фантазии така едноставно, значи за да се дојде до тој клуч на секуални фантазии треба најпрво да се отворите самите, значи да ги искажите своите сексуални фантазии. Само на тој начин ќе се јави взаемна доверба и сексуална комуникација која го оставарува првиот чекор.

Во моментот кога ќе ги дознаете нејзините/неговите фантазии треба да проверите дали тие ви се допаѓаат, односно дали тие имаат допирни точки со вашите фантази, ова е битно поради подобро поврзување, доколку вашите фантазии се совпаѓаат тогаш со мала работа добриот секс е неизбежен.

Вториот чекор е препознавањето на сигналите на партнерот, ова можеби е најтешкиот чекор да научите што вашиот партнер сака во моментот и како се чувствува.

Со време меѓусебното читање на сигналите ќе биде полесно.

Пример доколку направите нешто што и се допаѓа на девојката, тогаш сигурно ќе бидете наградени со потполно ваше сексуално задоволство.

Истото се однесува и за девојките, доколку го задоволите машкото, тогаш сигурно тој ќе се потруди да ве задоволи вас. Ова се одлични почетоци за разбирање на меѓусебните значи и побарувања.

Третата фаза е умереноста. Немојте да претерувате, бидејќи како и со сите работи во животот мошне битно е да бидете умерени. Некогаш треба и да глумите незаинтересираност само за да добиете некоја подобра сексуална тензија и уште поголема привлечност.

Запаметете дека сексот е игра која се игра пред се со главата. Некогаш е добар само физички секс за ослободување од стресот, но сексуалната досада во која преминува физичкиот секс е убиство за било каква врска, колку и да е таа јака.

Спонзорирано: