10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

УЈП со важна информација во врска со апликацијата за повратот на ДДВ

Во врска со одредени реакции поврзани со наводно нарушување на безбедноста на личните податоци при инсталирање на апликацијата МојДДВ, Управата за јавни приходи уверува дека апликацијата е безбедна за преземање и инсталирање.

„Управата уверува дека сите податоци внесени во апликацијата, како што се адреса на е-пошта и број на трансакциска сметка се сигурни и заштитени од каква било злоупотреба. Имено, апликацијата МојДДВ граѓаните ја преземаат од Google play store, којшто е сервис на мултинационалната компанија Google којашто има строги критериуми од безбедносен аспект како за самата компанија, така и за корисниците на сервисот. При симнување на апликацијата не се бараат никакви податоци. Единствено се бара дозвола за користење на камерата“, велат од УЈП.

При употреба на апликацијата, корисниците е потребно да се најават на системот на УЈП и се користи постојното корисничко име и лозинка. Се користи безбеден криптиран пренос на податоците од корисничкото име и лозинката меѓу телефонот и системот на УЈП.

Од Управата наведуваат дека во системот за поврат на ДДВ не се чуваат лични податоци освен трансакциската сметка која е поврзана кон кориснички број и не може да се идентификува на кое лице припаѓа.

Апликацијата е поставена и на веб-страницата на Управата.

Спонзорирано: