10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈАИЗБОР

Кога телефонот ќе полуди: Шест знаци дека ви го прислушкуваат мобилниот

Велат дека воопшто не е комплицирано да се прислушкува нечиј мобилен телефон.

Можеби не сте толку важни, но не е исклучено некој да се занимава со вас и со вашиот мобилен телефон.

Ако се сомневате во такво нешто, еве неколку „симптоми“ дека сте меѓу избраните за прислушкување.

Температурата на батеријата

Еден од веројатните индикатори за прислушкување е состојбата на батеријата на телефонот. Набљудувајте го својот мобилен телефон кога не го користите – ако е топол, тоа значи дека и понатаму се користи. Имајте на ум дека топлотата се појавува воглавно за време на користење (или непосредно по полнењето) на телефонот. Се’ на се’, батеријата може да биде топла или жешка, само ако телефонот неодамна е користен.

Ако го „полните“ телефонот почесто, од обично – тоа е уште еден знак за потенцијална закана. Ако не сте го користеле уредот почесто, отколку обично, тогаш вашиот телефон некој го користи без ваше знаење. Кога телефонот се прислушкува, батеријата се троши многу брзо.

Прислушкуваните мобилни телефони непрекинато бележат разговори во својата околина дури и ако изгледа дека се во состојба на мирување.

Напомена: мобилните телефони имаат тенденција да со тек на време го губат максималното ниво на работа на батеријата. Ако вашиот телефон е постар од една година, капацитетот на батеријата постојано се намалува, во зависност од интензитетот на користење.

Исклучување со одложување

Кога ќе го исклучите телефонот, доколку забележите големо одложување (ако позадинското осветлување свети подолго или телефонот „одбива“ да се исклучи), можно е да сте прислушкувани. Атипичното однесување на телефонот секогаш е предупредување. Иако, опишаните проблеми можат да бидат предизвикани од проблеми со хардверот или софтверот на телефонот.

Чудна активност

Дали ви се случува на телефонот одеднаш да се вклучи позадинско осветлување, или сам од себе да постави некои апликации, или пак уредот сам да се исклучи? Чудното однесување може да биде сигнал дека некој далечински го контролира телефонот. Сепак, имајте на вид дека идентично однесување може да биде последица при пренос на податоци.

Позадински шумови

Кога разговарате, прислушкуваниот телефон може да „испушта звуци“: нешто како ехо, електрични празнења, „кликови“… Ова не мора да значи дека сте жртва на „шпион“- можеби вашиот соговорник се наоѓа во градска гужва, каде што се слуша се’. Меѓутоа, доколку слушнете пулсирачки шум од својот телефон кога не го користите – тоа може да биде сериозен проблем.

Пречки

Ако го користите својот мобилен телефон во непосредна близина на други електронски уреди (на пример телевизор) и тој предизвикува пречки, тоа може да биде последица на присуство на други уреди во куќиштето на мобилниот телефон. Во повеќето случаи пречките се нормални, но ако се случуваат во момент кога не го користите телефонот, тоа навистина може да значи дека сте прислушкувани.

Вирус?

Инаку, се зборува дека нов вирус за Андроид кружи по телефоните. Според непотврдени информации, оној чиј телефон е „инфициран“, кога ќе обави разговор и „спушти слушалка“, неговиот соговорник уште десет секунди може да го слуша разговорот во околината на „заразениот телефон“. А за 10 секунди… Што се’ може да се каже…

Спонзорирано: