Наутро за доручек или навечер за лесна вечера со малку џем или Нутела, банани, кекс или шлаг, палачинките се совршен оброк во секоја комбинација. Сите ги прават на различни начини…
Ако сакате да ги подготвите по точен рецепт и да добиете совршени палачинки, следете ја оваа постапка:
СОСТОЈКИ:
– 2 јајца, 4 шољи брашно, половина литар млеко, 100 мл. киселa вода, малку сол, една лажичка шеќер
ПОДГОТОВКА:
Изматете ги јајцата, додајте сол, шеќер и млеко. Додајте брашно и мешајте додека сите грутки не се истопат и претворат во тесто. Ова главно зависи од брашното, но треба да добиете густа маса.
Додајте кисела вода и измешајте. Оставете ја смесата да одмори 20 минути, а потоа правете палачинки во жешка тава. Наполнете ги со омилениот вкус и уживајте.