Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе ја задолжи државата за 10 милиони евра

Зоран Заев расипнички ја управува државата. Министерството и владата со кои управува Заев ќе ја задолжат Република Македонија за 10 милиони евра. Секое четиричлено семејство ќе биде задолжено за нови 20 евра, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, откако СДСМ е на власт јавниот долг надмина неверојатни 5 милијарди евра или околу 50% од БДП, а Заев има намера да го крене на 60%.

„Никој не знае на што и како се трошат милионите за кои е задолжена државата. Задолжувањата се и по неколку пати во месец, а ништо од парите кои се позајмени не се прави. Нема инвестиции, нема проекти. Нивото на реализација на капитални инвестиции за 5 месеци од оваа година е само 13.7%. Поголем доказ за неработата и незнаењето на власта нема. Не можат да ги инвестираат ни парите кои самите се обврзале дека ќе ги инвестираат со гласањето на буџетот.

Заев мора најитно да одговори каде завршија половина милијарда евра нов долг, задолжен откако СДСМ е на власт. Колку пари треба да врати државата со пресметана камата за овие половина милијарда евра кон домашните и странски кредитори и за колку време? Кој е ефектот кој државата го има од тоа задолжување и дали од потрошените пари државата има додадена вредност?

Бегањето од одговори нема да го спаси Заев од одговорност. Одговори мора да има. Потребни се оставки и промени. Власта на СДСМ мора да си замине. Граѓаните заслужуваат да тргне напред државата”, се вели во соопштението на партијата.

Можеби ќе ве интересира

АХВ откри голема измама: Купувале сирење со 20% маст, добиле производ со 1%

ДЕСК

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК