Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Одрони на патот Кочани – Македонска Каменица

АМСМ информира дека ќе се изведуваат градежни активности на магистралниот пат А1, делница: Скопје – Неготино, при поставување на електрично осветлување на крстосницата Велес – Југ, во времетраење од 30 дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Поради одрони на патниот правец Кочани – Македонска Каменица кај селото Истибања, сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Уплашена власт – со ситни игранки не дозволи опозициски пратенички прашања во Собранието

ДЕСК

Делегација на Врховниот уставен суд на Египет во билатерална посета на Уставниот суд

ДЕСК

Започна дводневната работилница за изработка на Националната стратегија за интеркултурализам и општествена кохезија 2027–2032

ДЕСК