Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Mеркел: Политичката храброст на Заев и Ципрас да ја следат и другите лидери

Германската канцеларка Ангела Меркел не очекува брз прием на земјите од Западен Балкан во ЕУ, но потенцира дека регионот има европска перспектива.

Во својот видео поткаст, објавен денеска по повод претстојниот Самит за Западен Балкан, кој во рамките на Берлинскиот процес ќе биде одржан в петок, во полскиот град Познањ, Меркел истакна дека земјите од овој регион треба уште многу пречки да надминат и многу услови да исполнат. – Патот и натаму е полн со камења, рече Меркел.

Но таа потенцираше дека во регионот постојат позитивни примери на дијалог, посебно потенцирајќи го решавањето на долгогодишниот спор меѓу Скопје и Атина за името.

– Со политичка храброст, премиерите на Северна Македонија Зоран Заев и на Грција Алексис Ципрас успеаја да го решат тој конфликт.

– Ваквиот позитивен пример треба да биде охрабрување за решавање на проблемите во Босна и Херцеговина, како меѓу Србија и Косово, истакна германската канцеларка.

Во Познањ на 5 јули ќе биде одржана конференција за западен Балкан, на која ќе учествува и Меркел, на чија иницијатива во 2014 година беше покренат Берлинскиот процес, со цел да се забрза дијалогот и можноста за соработка меѓу земјите од регионот.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Филипче бидејќи не знаеш мора да ти кажеме јасно, има соработка и официјални договори со Унгарија, а не како што е во твојата глава дека имало тајни бизнис врски

ДЕСК

ДРАМА ВО БАЛИНДОЛ: Дете со тешки повреди по удар од автомобил кој побегнал

ДЕСК

ТЕШКА НЕСРЕЌА КАЈ ТЕТОВО: Четирицикл излета од пат – двајца млади тешко повредени

ДЕСК