Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Многу земјотреси во Албанија по силниот од кој се стресе и Македонија – Тлото не се смирува

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид,Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера во 15 часот и 01 минути регистрираше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 180 km југозападно од Скопје во соседна Албанија и потекнува од епицентралното подрачје Корча.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 4.7, а беше почувствуван од населението во Охрид и околината со интензитет од IV степени, Битола и околината со интензитет од III,според Европската макросеизмичка скала. Во останатиот дел на Македонија замјотресот беше почувствуван со интензитет II степени од истата скала.

По овој потрес следат многу мали потреси во Албанија, тлото сеуште се тресе, а последниот потрес е со јачина од 2,8 степени според Рихтер.

Се стресе и Грција, а имаше неколку мали потреси, последниот предмалку од 3,1 степени.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Филипче бидејќи не знаеш мора да ти кажеме јасно, има соработка и официјални договори со Унгарија, а не како што е во твојата глава дека имало тајни бизнис врски

ДЕСК

ДРАМА ВО БАЛИНДОЛ: Дете со тешки повреди по удар од автомобил кој побегнал

ДЕСК

ТЕШКА НЕСРЕЌА КАЈ ТЕТОВО: Четирицикл излета од пат – двајца млади тешко повредени

ДЕСК