Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Обид за убиство во Македонија: Му ставила отров во кафето на сопругот

Основното јавно обвинителство Струмица спроведува истражна постапка против жена која е осомничена за обид за убиство.

Како што информираат од Обвинителството, таа на 7 јуни, во семејниот дом во село Иловица, се обидела на подмолен начин да го лиши од живот нејзиниот сопруг. Кога сопругот побарал да му свари кафе, таа во филџанот ставила течно средство хербицид, го помешала со кафето и му го дала да го испие. Оштетениот го испил кафето, излегол во дворот и паднал во бессознание.

За среќа и радост во вашиот дом, заследете го следниот канал на YouTube со клик тука!

▶ ЗАСЛЕДЕТЕ ГО TAMNI TALAS

Уживајте во музика исполнета со емоции, љубов и убави моменти.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител на судијата на претходна постапка од Основниот суд Струмица му предложи да определи мерка притвор за осомничената. Судијата го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.

Можеби ќе ве интересира

АМСМ СО ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОНЕДЕЛНИК – Затворен патот преку Галичица, девијации кон Охрид и задолжителна зимска опрема

ДЕСК

БЕЗ СТРУЈА ДЕЛ ОД СКОПЈЕ И КАТЛАНОВО – Најавени прекини од раните утрински часови

ДЕСК

НЕ ГИ ПОЧИТУВАЛ СУДСКИТЕ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА НА СОПРУГАТА – Приведен 56-годишник во Кичево

ДЕСК