Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ го потврди апсењето на нивни високи функционери – осомничени за тешки криминали

Членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Димовски и Дејан Митески, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, се уапсени од чисто политички мотиви, коментира ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека Димовски ја објавил аферата за Курто Дудуш, додека Митески ѝ нанел тежок пораз на власта на последните избори во Аеродом.

„Со политичкиот прогон врз Димовски, Митевски, Јанакиески и останатите, Зоран Заев не може да го покрие разочарувањето и катастрофата која секојдневно им ја приредува на граѓаните. Димитар и Дејан се уапсени и малтретирани затоа што не и се плашат на власта, затоа што јавно ги обелоденуваат криминалите на СДСМ. Криминалната влада на Зоран Заев мисли дека со монтирани случаи ќе ја дефокусира јавноста од вистинските проблеми, како криминалот, рекетот, непотизмот, корупцијата, урнисаното образование, неуспесите во земјоделието и сите катастрофи кои ги причини оваа власт“, додава ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Истече рокот за исполнување на Реформската агенда, се потври уште една лага на Мицкоски

ДЕСК

Мицкоски на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан- МЕФ 2026

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче да му пренесе на Радев, без гаранции и без испорака од Бугарија, уставни измени нема да има

ДЕСК