Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка несреќа во Македонија: Возач се заби во бандера и дрво

Во 06.52 часот утрово на крстосница од улицата „Македонска Фаланга“ и патот за стадион „Тумбе-кафе“ во Битола, 62-годишниот Љ.С. од село Буково, битолско, управувајќи патничко возило „Форд фиеста“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во канделабра за улично осветлување и во дрво.

Љ.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница во Битола, каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

Можеби ќе ве интересира

Поднесено обвинение за Примање награда за противзаконито влијание

ДЕСК

Претреси и апсење во Куманово

ДЕСК

Филипче: Отворени врати за конструктивните, затворени за злонамерниците

ДЕСК