Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Тешка сообраќајка на патот Ресен-Охрид: Повредени бебе и жена

Бебе на една и пол година и жена се повредени вечерва во тешка сообраќајна несреќа на патниот правец Ресен-Охрид кај местото викано Претнов Моста, дознава ТВ21.

Како дошло до несреќата се уште нема официјални информации, но жителите од селото Куратица кое е во близина za ТВ21 велат дека често фрекфенцијата на сообраќај на овој патен правец е голема и бараат од надлежните преземање на соодветни мерки за исклучување од главниот пат кон нивното село.

Како што дознава ТВ21, бебето се здобило со скршеница и заедно со жената со возило на ИМП се префрлени во болница.

На лице место се уште трае увидот.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК