Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Скопјани секојдневно пријавуваат напади од кучиња – 3 случаи регистрирани во текот на вчерашниот ден

Во текот на 25 јуни во полициските станици во Аеродром и Центар, скопјани пријавиле три напади од кучиња скитници.

Во првиот случај, 23-годишник околу 11 часот во полициската станица Центар пријавил дека на Кеј 13-ти Ноември бил каснат од куче-скитник во пределот на десната потколеница.

Потоа, во полициската станица во Аеродром околу 13:45 часот 66-годишна жена пријавила дека на булевар „Видое Смилевски Бато“ била касната од куче-скитник во пределот на левата нога.

Во полициската станица во Центар околу 17:30 часот бил пријавен уште еден напад од улично куче од страна на 35-годишен скопјанец кој пријавил дека неговата малолетна ќерка била касната на улица „Ѓорѓи Пешков“.

Можеби ќе ве интересира

АХВ откри голема измама: Купувале сирење со 20% маст, добиле производ со 1%

ДЕСК

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК