Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

На Јажинце уапсен Косовец чиј „голф“ имал фалсификуван сериски број

На граничниот премин Јажинце во утринските часови на 25 јуни бил уапсен 53-годишник од Косово чиј автомобил имал фалсификуван сериски број.

Како што информираат од МВР, при контрола на автомобилот марка „фолксваген голф“ со косовска регистрација, што го управувал 53-годишникот, било костатирано дека серискиот број на возилото e фалсификуван.

Косовецот бил приведен, а возилото одземено. Подоцна, тој бил предаден во тетовската полиција.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА САМКА ИБРАИМОВСКИ – Поранешниот пратеник и министер имаше 72 години

ДЕСК

СТУДОТ ПРИСТИГНУВА ВО МАКЕДОНИЈА – Од викендот температурите ќе се спуштат под нулата

ДЕСК

Министерството за здравство апелира: Проверете го вакциналниот статус – МРП вакцината е најсигурна заштита од мали сипаници

ДЕСК