23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Пазарувајте од дома

Речиси секој од нас искусил како е да седите во домашна атмосфера, заедно со најблиските пријатели и да ја добиете пицата што сте ја нарачале на телефон. Или, едноставно, со еден клик, не треба ниту да го напуштате Вашиот дом, а сепак да го добиете вашето јадење.

Во Македонија постои и една многу интересна компанија, која ваквата услуга Ви ја нуди за сите други производи од малопродажбата. Доставува сè што ќе нарачате од нејзиниот асортиман на продажба, без разлика дали купувате како поединец или како компанија. Вам Ви останува само да кликнете на marketonline.mk или да се јавите на телефон и вработените, љубезно, да ја реализираат вашата нарачка.

Затоа што, менаџерскиот тим на Рептил маркетите, по долго истражување, овозможи сите граѓани да ја искористат предноста на технологијата и да ги добијат неопходните продукти, без притоа да ја напуштат својата удобна и комфорна фотелја.

На овој начин, времето што требаше да го потрошите на набавка на намирници, може да го искористите за други Ваши потреби и задоволства. Освен што штедите време, всушност, со нарачка преку интернет или преку телефон, Вие штедите и пари. Нема потреба да го вклучите Вашиот автомобил или да потрошите бензин за да дојдете и да купувате во маркетите на Рептил.

Сериозна предност на доставата дома или до компанија е и тоа што нарачаните намирници стигнуваат на точно одредената дестинација и во точно одреденото време. Со ова, може да го планирате вашиот ден и да „темпирате“ кога сакате да ги добиете намирниците.

Кога говориме за предностите, не треба да изумиме дека нема потреба да излегувате надвор во пеколно жешките летни денови или да се движите по замрзнатите улици во зима, натоварени со сите намирници. Без разлика каде се наоѓате, само еден клик Ве дели од сè што Ви е потребно за Вашиот дом или канцеларија, а пазарењето не е напорно, туку напротив, забавно. Може лесно да ги споредите производите едни со други, веднаш да ги најдете продуктите на акција и во пазарењето да учествува целото семејство.

Затоа, многу наши сограѓани успешно ја користат услугата на Рептил маркетите за достава дома. Но, оваа услуга ја користат и многу компании во Скопје и Македонија. Тие нарачуваат и добиваат роба од Рептил по цени како што се на полицата во самиот маркет. Исто така, треба да се нотира дека компаниите полесно доаѓаат до потребните производи кои секојдневно ги корисат во канцелариите.

„Ние сме компанија која сака да го олесни животот на купувачите. Истражувавме и сфативме дека технологијата може да ја искористиме за решавање на еден предизвик – доставата до домовите или до компаниите.  Повеќе од 2 години успешно фунционира оваа наша услуга, што само по себе покажува дека постои интерес и дека граѓаните навистина сакааат да купуваат преку телефон или комјутер. Впрочем и нашиот слоган е „ Пазарете со срце и задоволство“, вели Даница Личанин Блажеска, сопственик на брендот Рептил маркети.

За да пазарите со задоволство, сè што треба да направите е да се регистрирате на дигиталниот Рептил маркет – marketonline.mk со само неколку едноставни чекори. Во иднина, пазарењето на сè што Ви треба ќе биде многу едноставно, забавно и со задоволство. Останува да ја искористите можноста и секако, да ги советувате вашите пријатели, роднини и соседи за предностите од употребата на технологијата во секојдневниот живот и за доставата која ја извршуваат вработените од компанијата Рептил.