Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Што значат броевите на налепниците на бананите, јаболката…

Дали некогаш сте забележале налепници на овошјето кое го купувате во продавница? Знаете ли што значат?

1. Ако кодот има четири цифри кои почнуваат со броевите 3 или 4, значи дека производот е одгледуван по пат на интензивно земјоделство во втората половина на дваесетиот век, т.е. дека веројатно е можна употреба на вештачки ѓубрива.

2. Ако производот има пет цифри кои почнуваат со бројот 9, значи дека производот е одгледуван на традиционален начин, како во земјоделието се одгледувало со илјадници години, т.е сега го означуваат како да е одгледуван органски, што понатаму значи без пестициди и употреба на ѓубриво.

3. A ако производот има код од пет цифри кои почнуваат со бројот 8, значи дека производот е генетски модифициран.

После ова сигурно ќе внимвате на она што го купувате!