Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Со повратот на 15 отсто од ДДВ државата првпат враќа пари директно кај граѓаните

Со повратот на 15 отсто од ДДВ државата првпат враќа пари директно кај граѓаните, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение.

Со мерката „Мој ДДВ“, нагласува СДСМ, првпат државата им враќа пари на граѓаните, односно за секој денар платен ДДВ, на крајот на годината на граѓанинот му се враќа 15 отсто директно на неговата сметка.

На крајот од секоја година кај граѓаните ќе се вратат околу 50 милиони евра, велат од владејачката партија.

„Сите досегашни мерки, вклучително и повратот на ДДВ од 15 отсто, имаат една заедничка цел, подобар животен стандард, подобар живот на граѓаните, раст и развој“, додава СДСМ во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК