21. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведен дилер од Скопје кај кого е најдена голема количина дрога

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија, до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривичнa пријавa против Д. М. (35) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

„На 24.6.2019 година, околу 13.15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес на домот и други простории кај пријавениот. При претресот биле пронајдени и одземени 486,06 грама амфетамин, таблети метилен-диоксиметамфетамин (MDMA), марихуана и две дигитални ваги со остатоци од амфетамин, кокаин и марихуана“, се вели во соопштението.

На пронајдените предмети било извршено вештачење, а пријавениот Д. М. бил приведен во Полициската станица Центар.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Орце застана зад криминалните дивоградби во Чаир, глас за Орце е глас за Скопје да стане дивоградба

ДЕСК

СДСМ објави Фото: Тошковски горд покрај командирот што пукаше и беше суспендиран, Ковачки се јави ли?

ДЕСК

Мицкоски: Интензивно се работи на изградба на нова детска градинка во Кисела Вода, со сместувачки капацитет за 70 дечиња

ДЕСК