8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Во недела силно невреме со град низ Македонија – Детална четиридневна прогноза

Утре ќе биде сончево и топло време, во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Во недела попладне и во следните денови повторно ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме. Во недела ќе дува повремено засилен југозападен ветер, а од понеделник ветерот ќе се промени во северен и тоа ќе услови опаѓање на температурата за неколку степени.

Прогноза за 23.06.2019
Минимална температура: 13°C до 21°C
Максимална температура: 28°С до 34°C
Сончево и топло, со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува повремено засилен југозападен ветер особено во западните делови. УВ=8

Прогноза за 24.06.2019
Минимална температура: 13°C до 20°C
Максимална температура: 25°C до 32°C
Променливо облачно и нестабилно. На повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме. Ќе дува умерен северозападен ветер. УВ=7

Прогноза за 25.06.2019
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 26°C до 33°C
Променливо облачно и нестабилно. На повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме. Ќе дува умерен ветер од северен правец. УВ=8