Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ОЈО со детали за несреќата кај скопската обиколница: Едно лице загина, двајца полицајци повредени

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на местото на тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница, во која попладнево едно лице го загуби животот, а три се повредени. Меѓу повредените се и двајца полициски службеници.
Според првичните сознанија, несреќата се случила кога сообраќајна полициска патрола запрела возило БМВ со гостиварски регистарски таблички кое возело со брзина поголема од дозволената. Додека полициските службеници разговарале со возачот на автомобилот, на нив налетал камион со скопски регистарски таблички. Од ударот, автомобилот БМВ се запалил и целосно изгорел. Притоа, на лице место животот го загубил совозачот во автомобилот БМВ.

По наредба на јавен обвинител ќе се врши обдукција врз починатото лице, додека од возачот на камионот ќе бидат земени примероци од крв и урина заради испитување на присуство на алкохол или други супстанции кои би можеле да влијаат на неговата способност за управување со превозно средство. Врз камионот ќе се врши вонреден технички преглед со цел да се утврдат причините за несреќата.

Можеби ќе ве интересира

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК

ТЕПАЧКА ВО ГАЗИ БАБА – Физичка пресметка меѓу 59-годишен и 26-годишен скопјанец, следува поднесок

ДЕСК