18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Започнува мерката поврат на ДДВ: Еве како функционира и колку пари ќе добијат граѓаните (Фото)

Од 1 јули започнува мерката поврат на 15% од платен ДДВ кај граѓаните, објави денеска УЈП на прес-конференција.

Секој граѓанин ќе може да побара поврат на ДДВ преку апликација на мобилен телефон. Граѓаните ќе треба да ги скенираат фискалните сметки преку апликација на мобилен телефон, а системот на УЈП автоматски ќе пресметува колку пари ќе бидат вратени кај граѓаните.

Начинот на кој граѓаните ќе можат да го остварат ова право е едноставен и брз, без административни процедури и чекање на шалтерите.

Условот за користење на оваа апликација е да сте регистрирани на услугата Е-персонален данок. Потоа едноставно само ќе треба да ја симнете апликацијата на мобилен телефон, да се најавите со податоците од Е-персонален данок, а последната фаза е скенирање на фискалните сметки.

Едно четиричлено семејство нема да може да добие поврат поголем од 28.800 денари.

Спонзорирано: