23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТЕХНОЛОГИЈА

„Фејсбук“ ја најави својата нова виртуелна валута „либра“

Гигантот „Фејсбук“ објави дека лансира дигитална валута наречена „либра“; новата криптовалута се очекува да им помогне на милијарди корисници на социјалните мрежи во спроведувањето на меѓународните трансакции, пренесува „Спутник“.

Како и кај повеќето криптовалути, „либра“ ќе биде управувана и обезбедена од страна на кој било учесник кој има пристап до компјутер.

Со оглед на тоа дека „Фејсбук“ го користат околу 2 милијарди луѓе, неговата планирана криптовалута „либра“, може да стане значајна „златна кокошка“ за социјалните мрежи и потенцијално да го измени својот конвенционален финансиски модел.

Во меѓувреме, потегот на Фејсбук да се вклучи во финансискиот сектор ги натера британските и американските власти да ја искажат својата загриженост. Минатиот месец, Комитетот за банкарство, домување и урбани прашања на американскиот Сенат му се обрати на главниот извршен директор на „Фејсбук“, Марк Цукерберг, во писмо со кое бара одговор за регулацијата на приватноста и финансиите на социјалните мрежи.

„Важно е да се разбере како големите социјални платформи ги прават достапни податоците кои можат да се користат на начин што има големи последици врз финансискиот живот на потрошувачите. Исто така е важно да се разбере како големите социјални платформи ги користат финансиските податоци за профилот и целните потрошувачи”, се вели во писмото.

Најавата на Фејсбук доаѓа откако потпретседателот на американската фирма за Европа, Никола Менделсон, претходно месецов изјави дека компанијата ќе создаде уште 500 нови работни места во Лондон.