Секогаш во средиштето на збиднувањата...

(Видео) Костадинов: По 13 години, државата бележи подобрување на кредитниот рејтинг

По 13 години, нашата држава, конечно, има подобрување на кредитниот рејтинг, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, повикувајќи се на ренормираната агенција „Фич“, која го зголеми кредитниот рејтинг на државава од ББ на ББ+ со стабилен изглед.

Како што истакна Костадинов, ова е уште една потврда за успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.

„Од – 1,8 во последните месеци од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, за помалку од две години економијата бележи раст од 4,1 отсто во првиот квартал од 2019 година. За една година странските директни инвестиции пораснаа 260 отсто, што ја прави нашата држава прва во регинот по раст на странски инвестиции“, посочи портпаролот на владејачката партија.

Како што рече тој, рекордниот износ на странски инвестиции од 624,5 милиони евра во 2018 и активните мерки за вработување придонеле стапката на невработеност да падне на историски минимум од 17,8 отсто.

„Ова не се само обични бројки, ова се реални позитивни придвижувања на економијата во интерес на граѓаните и државата. Со извесното членство во НАТО и забрзувањето на интеграцијата во ЕУ очекувано е позитивните трендови да продолжат, но и дополнително да се интензивираат“, нагласи Костадинов додавајќи дека во СДСМ ќе останат посветени на мерките што обезбедуваат повеќе пари во секое семејство.

Во тренд…