Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Двајца тешко повредени кога паднале возејќи се на мотор во Велес

Две лица се повредени кога паднале возејќи се на мотор во Велес. Како што информира полицијата, вчера во 17.20 часот на улицата Костурска во Велес, Љ. Н. (36) од Велес, управувајќи мотоцикл „хамачи“, без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во незгодата мотоциклистот добил тешки телесни повреди, а сопатничката М. Р. (22) од Велес добила телесни повреди и биле пренесени во Општата болница во Велес за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

Можеби ќе ве интересира

Скопјанец осомничен за неколку кривични дела кон членови на семејството, предложен притвор

ДЕСК

АКЦИЈА НИЗ ЦЕЛА ДРЖАВА: 15 возачи завршија во полиција поради безобѕирно управување

ДЕСК

Апсење во Тетово

ДЕСК