Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Силно невреме ја зафати Македонија

Северозападниот дел од земјава синоќа беше зафатен со невреме кое во Полог бешее проследено со пороен дожд и грмежи. Нестабилна воздушна маса од запад се приближуваше кон Скопје и се очекува пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира УХМР.

Вчера попладне подрачјето на Струмица и околината, како и Берово беа зафатени од невреме со интензивен пороен дожд, грмежи и можна појава на град. Нестабилната облачна маса се движи кон југ во правец на Валандово, Дојран и Богданци.

УХМР информира дека нестабилно е во повеќе места во источниот и во планинските подрачја во југозападниот дел од земјата, како и над Преспанското Езеро.

Можеби ќе ве интересира

Левица: Терор од брзите кредити со амин од власта – изнудувачи доаѓаат дома и ги заплашуваат семејствата

ДЕСК

Митева: Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ отвора бесплатен телефонски број за жртвите од семејно насилство со цел правна помош и советување

ДЕСК

Перински: Здравствениот систем е првиот контакт на жртвите на насилство, затоа е многу битно здравствениот работник да има утврден протокол и правилник за помош

ДЕСК