7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Николовски: Ги заокруживме промените и системските решенија, сите капацитети ги насочуваме кон потребите на граѓаните

Интегрално ја пренесуваме Изјавата за медиуми на Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ дадена денеска во Охрид

Како што и претседателот најави централниот одбор продолжува со работа по однос на презентација на системот и начинот на новото делување на партијата коишто мора да биде и ќе биде во целост во функција на граѓаните. Мене особено ме радува што од денеска ги конституираме организациски, органите на партијата коишто се битни во нашата работа на терен, а тоа значи дека ова ќе биде период, лето во коешто со сите капацитети ќе бидеме насочени кон потребите на граѓаните и ќе бидеме заедно со граѓаните на терен.

Новиот организационен секретар ќе ја напушти јавната функција и ќе биде и ќе биде заедно со мене фокусиран целосно во партијата. Имаме нов директор на центарот за аналитика и истражување којшто дипломира во САД којшто ја напушта истотака јавната функција и ќе биде целосно фокусиран на центарот за истажување и аналитика коишто ќе биде исто така целосно во функција на сите партиски структури и во интерес на граѓаните.

Денеска надвор од ова претседателот именуваше исто така и нови претседатели на општинските организации во Велес, Неготино, Долнени, Гостивар, Валандово каде што регрутираме нови капацитети и нови сили со коишто очекуваме убедлива победа на следините парламентарни избори.

Промените во СДСМ продолжуваат во интерес на граѓаните затоа денеска ќе го промовираме и системот и начинот како тоа ние ќе се свртиме кон потребите на граѓаните, особено во делот на системското решеније преку којашто ќе ја следиме реализацијата на програмите на градоначалниците, на она што сме го ветиле пред граѓаните. Ќе ја следиме секоја една мерка, секоја политика и секој проект за текот на неговата реализација преку една веб апликација на СДСМ, но тоа ќе го работиме со партиско –владината комбинација односно реализацијата на програмата Планот за Живот и она што е наше ветување исто така пред граѓаните.

Тоа ќе го правиме на еден системски поставен начин ќе бидеме силна контрола ќе имаме синхронизирано и унифицирано делување на сите наши кадровски потенцијали, ќе направиме ревидирање и ќе се отвориме кон јавноста и кон капацитетите коишто сакаат да се вградат во креирањето на политиките и во следната победа, а тоа значи дека дел од единците коишто ќе бидат ослободени дали се тоа единци во централната власт или се членови на одредени управни или надзорни органи и тела во истите ќе регрутираме навистина потенцијал коишто е потребен за ова општество, кое што е надвор од партијата и коишто можат да го дадат својот придонес, како што кажав многу подетално ќе разговараме за следните точки коишто ќе следат во моментот, во продолжение на централниот одбор, многу почесто ценралните одбори ќе ги држиме надвор од Скопје ќе ја засилиме нашата работа на извршниот одбор коишто ќе одржува редовно секоја недела седници, ќе го ажурираме месечниот календар на активности денеска коишто подразбира точно секојдневно кои се обврските на министрите, градоначалниците, претседателите на советите, членовите на нашите советничките групи и сите функционери, пратениците, буквално имаме детален месечен распоред на активности до коишто сите ќе се држат, вклучувајќи од
претседателот и премиерот до сите функционери односно ќе ја засилиме и неколку пати зголемиме нашата активност и тоа доаѓа во време во коешто имаме лето пред нас, но до летните одмори овој систем ќе биде изграден и структурно поставен, ќе се почитува редот и дисциплината, ќе се бара одговорност од сите, се со цел да со сите сили се насочиме кон релизација на политиките коишто се во интерес на граѓаните.

Нашата земја на чело со премиерот направи значаен скок или резултат во делот на меѓународната политика, ги зголемивме економските резултати, но сметам дека е клучно и тоа е моја обврска да го поставиме системот на функционирање на сите органи и тела на партијата, на сите фунцкионери во интерес на граѓаните и за потребите на граѓаните.

Спонзорирано: