22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Хрватска моли за туристички работници – Ако не се најдат ќе им пропадне сезоната

Сезоната во Хрватска е сериозно загрозена поради недостиг на работна сила. Хрватската задруга за туризам и Хрватската задруга на работодавачи испратиле барање за итно зголемување на квотите во туризмот до Министерството за труд и до Министерството за туризам.

За жал молбите се одбиени и за годинава владата не обезбедила доволно квоти за вработување странци во туризмот. „Квотите се потрошени, а нема кој да работи иако во Хрватска веќе пристигнале странските работници“, пренесува Index.hr.

Работодавците додаваат дека со недели апелираат да се помогне на туристичкиот сектор за решавање на овој проблем, но дека ресорните министри и владата се потполно „глуви“.

Туризмот во Хрватска придонесува за 20 отсто од вкупниот БДП на земјата, а со ваков однос, тоа нема да може да се исполни.

Инаку многу Македонци оваа година решија своето чаре за работа да го најдат токму во Хрватска.

Можеби ќе ве интересира

Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати – Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Владата ја засилуваат контролата

ДЕСК

ДОДЕКА ИНФЛАЦИЈАТА ГАЛОПИРА, ПАЃА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА: Во јуни била 45.469 денари, помалку за околу 300 денари од претходниот месец

ДЕСК

Шведска студија: Овие три професии први ќе бидат погодени од вештачката интелигенција

C +