Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев за ФАЦ: Знаеме дека Груевски побегнал криејќи се во багажник

Во интервју дадено за угледниот германски весник Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЦ) премиерот Зоран Заев обелодени нови детали во врска со бегството на поранешниот премиер, Никола Груевски, кој доби азил во Унгарија.

Запрашан за тоа како Груевски успеал да побегне од земјава, Заев вели дека тој бил скриен во багажник на автомобил кој го изнел од државата.

„Сега знаеме како. Груевски со лифт се симнал во подрумот на зградата, а таму се скрил во багажникот на автомобилот кој го извел надвор од земјата. Во Албанија, го чекало друго, унгарско дипломатско возило“, обелодени премиерот во интервјуто.

Запрашан зошто потрагата по Никола Груевски започнала дури во понеделник, кога експремиерот требало да се појави во затворот уште претходниот петок, Заев одговара дека такви се правилата за осудениците во нашата земја.

„Во земјата вообичаено е криминалците кои се повикани во петок за отслужување на затворска казна, викендот да го поминат дома. Не можевме тоа да го смениме само за Груевски“, објаснува премиерот Заев.

Груевски беше осуден на затворска казна од две години за набавката на луксузниот „мерцедес“, а обвинет е уште во четири случаи на СЈО, во предметите Насилство во Центар, ТНТ, Траекторија и Титаник.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Филипче бидејќи не знаеш мора да ти кажеме јасно, има соработка и официјални договори со Унгарија, а не како што е во твојата глава дека имало тајни бизнис врски

ДЕСК

ДРАМА ВО БАЛИНДОЛ: Дете со тешки повреди по удар од автомобил кој побегнал

ДЕСК

ТЕШКА НЕСРЕЌА КАЈ ТЕТОВО: Четирицикл излета од пат – двајца млади тешко повредени

ДЕСК