Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Во камион на патот Штип-Радовиш пронајдени 40 мигранти

При контрола на камион со скопска регистрација на регионалниот пат Штип-Радовиш, полицијата пронашла 40 мигранти, од кои 12 малолетници.

Како што информираат од МВР, полицајци во попладневните часови на 13 јуни на местото викано Шести километар, запреле товарно возило „мерцедес“, управувано од 46-годишен жител на скопското село Петровец.

При контрола во возилото биле пронајдени 40 мигранти (26 од Пакистан, 10 од Сирија и 4 од Египет). Возачот бил приведен и задржан во Полициската станица – Штип, а по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

СНЕГ ПОЧНА ДА ВРНЕ НА ОВИЕ МЕСТА ВО МАКЕДОНИЈА: Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Ограбена каса со добровилни прилози која била оставена во џамија, полицијата го истражува случајот

ДЕСК

ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО ЗЕМА ЗАМАВ, ДРАМА ВО ОСНОВНО ШКОЛО: 13 годишна ученичка нападната од четири повозрасни ученички

ДЕСК