21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривична за вработена во АХВ

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Ј.(59) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На 03.03.2019 година на Граничен премин „Табановце“, пријавената, како државен службеник во Агенција за храна и ветеринарство, од товарно возило, сопственост на фирма од Скопје, без претходна идентификација на пратка, зела вреден предмет, кој не подлежи на контрола на Агенцијата за храна и ветеринарство.

По реакција од фирмата, пријавената го вратила предметот, за што изготвила записник за земени мостри на храна и производи што доаѓаат во контакт со храна од увоз, кој не бил заведен во евидентните книги на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Спонзорирано: