Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Пеколни температури и невреме: Синоптичарите излегоа со детална прогноза за следните четири дена

Под влијание на топла воздушна маса од југ и натаму продолжува периодот на топло време, а особено топло се очекува од средината на оваа седмица.

Локално во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за изолирана појава на град.

Синоптичарите за денес најавуваат снчево со мала до умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголеми и особено во планинските региони на северот ќе има локална нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи. УВ индекс 9

Прогноза за 12.06.2019
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 28°С до 36°C
Сончево со мала до умерена облачност, попладне со појава на изолирана нестабилност со локален пороен дожд и грмежи. УВ=8

Прогноза за 13.06.2019
Минимална температура: 14°C до 21°C
Максимална температура: 30°C до 37°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. УВ=9

Прогноза за 14.06.2019
Минимална температура: 14°C до 22°C
Максимална температура: 30°C до 39°C
Сончево и доста топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. УВ=9

Во тренд…