Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Спасовски порача: Почнува ветинг за сите вработени во МВР

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска беше на Националната конвенција, која беше насловена како „Следејќи го патот на парите – зајакнување на механизми за финансиски истраги“ на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, каде имаше и свое обраќање.

Министерот во обраќањето најави ветинг за сите вработени во МВР и најави дека борбата со криминалот и корупцијата продолжува.

– „Со овој процес веќе сме во напредна фаза и наскоро ќе излеземе со целиот тој концепт. Но, јас апелирам таков ’ветинг процес‘ да се спроведе и во другите институции затоа што би било залудно да работите и да направите една институција во која ќе се детектираат и елиминираат ваквите луѓе кои што можеби ги имаат тие врски со криминалните структури, а наспроти ова, во другата институција имате луѓе кои соработуваат со тие криминални структури“, истакна Спасовски на обраќањето на Националната Конвенција.

Можеби ќе ве интересира

АЛАРМ ЗА ВРЕМЕТО: Четврток носи пообилни врнежи и грмежи – објавена е четиридневна прогноза

ДЕСК

Ова е најновата вчерашна објава на Никола Груевски на социјалните мрежи, после тоа го нема

ДЕСК

ЗЕМЈОТРЕС ОД БУДИМПЕШТА: Идниот премиер најави дека ќе го испорача Никола Груевски во Македонија!

ДЕСК