10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Намалувањето на невработеноста за 4,8 отсто, раст на бруто инвестициите за 9 отсто , а посебно градежништвото за 7 отсто се показатели за позитивна економска клима во државава

Економијата е ослободена, стопанствениците го чувствуваат позитивниот бран на промените ја препознаваат добрата волја и мерките за поддршка креирани од Владата. -истакна премиерот Заев на денешната прес конференција.

Тој посочи дека како резултат на позитивната економска клима имаме раздвижување и на пазарот на трудот како и намалување на невработеноста.

Според денешните податоци на Државниот завод за статистика невработеноста во првиот квартал е 17 , 8 отсто . Ако се земе за споредба со вториот квартал од 2017 година кога оваа Влада дојде на власт невработеноста беше 22,6 отсто, што воедно значи намалување на невработеноста под 4,8 отсто или 49.522 илјади нови работни места.

Економскиот раст го вклучува и растот на бруто инвестициите кои пораснаа за 9 отсто. Ако порано една од слабите страни беше градежништвото , денес тоа е на стабилни основи и еден од генераторите на раст со денешен раст од 7 отсто, а сериозен раст бележи и секторот земјоделие со 13,6 отсто – потврди премиерот Заев.

Спонзорирано: