Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Полски навивачи се степаа во Скопје, четворица приведени

Полски навивачи вчера попладне се степале во кафуле во Скопје, во близина на плоштадот Македонија. Најмалку четири лица се приведени.

Кога пристигнала полицијата да интервенира, некои од учесниците во тепачката почнале да бегаат, но биле фатени.

Полските навивачи се дојдени во Скопје за денешниот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Полска во 20.45 часот на Арената „Тодор Проески“ во квалификациите за Европското првенство во 2020.

Можеби ќе ве интересира

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

C +

Дожд, снег и засилен ветер до петок: циклон носи над 50 литри дожд

C +

Мицкоски во Будимпешта ќе се сретне со Орбан

C +