Centar.mk
БИЗНИС

Бесплатни лежалки и чадори на нудистичката, јавната и пет-френдли плажите

Црна Гора оваа година донесе ново правило за користење плажи кое ќе израдува многу гости. По 17 часот користењето лежалки и чадори на јавни и други плажи, освен хотелски, ќе биде потполно бесплатно.

Ова во Будва го изјави директорот на Јавното претпријатие за управување со морското добро на Црна Гора, Предраг Јелушиќ и додаде дека не е пристојно да се наплатува полна цена за користење на реквизитите на плажа на некој што ќе дојде попладне.

Освен тој новитет, според новиот Правилник за уредување на капалишта и плажи, усвоено пред два месеци, од оваа година на секоја плажа ќе бидат поставени информативни табли со работно време на плажата, цена на лежалките, квалитет на водата што ќе се мери на секои седум до 10 дена и типот на плажата (пет френдли, нудистичка, јавна или хотелска плажа.

Уште еден новитет на црногорското приморје е и тоа што освен јавните и хотелските плажи во понуда ќе бидат и 12 тематски плажи, па заљубените двојки, млади желни за забава, нудисти или гости со куќни љубимци ќе имаат свое „парче плажа“ каде ќе може да се опуштат.

Можеби ќе ве интересира

МФ: „Фич“ го задржа кредитниот рејтинг „BB+“ со стабилен изглед: Потврда за одржлива економска стабилност и доверба во економските политики

ДЕСК

Mozzart продолжува со Театар на хуманост: Донација за „Банка за Храна“ носи билет за „Ивона, принцезата на Бургунд“

ДЕСК

Досега се откупени околу 30.000 тони млада зелка

ДЕСК