Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Несреќа во Куманово – маж итно однесен во болница

Вчера во 10:55 часот било пријавено дека во Куманово на булеварот „Октомвриска револуција“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот Ј.Д. од Куманово, и мопед „Кимко“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од 57-годишниот Ј.Т. од Куманово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот бил извршен од увидна екипа од СВР Куманово.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Среде криминалниот скандал со Алта банка, судството под контрола на Мицкоски го ослободува Боки 13

ДЕСК

ХАЏИ ВАСИЛЕВА ГИ НАЈАВИ ПРИОРИТЕТИТЕ – Организациски промени и отпор на притисоци во ОЈО ГОКК

ДЕСК

ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА БОКИ 13 – Апелација ја преиначи одлуката за „Меѓународен сојуз“

ДЕСК