14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

„Две години влада – Одговорно пред граѓаните“: Сѐ што направивме на надворешен план е за граѓаните, економијата и за јакнење на институциите како сервис на граѓаните

На вториот панел дискусија од Форумот посветен на Две години Влада – Одговорно пред граѓаните се дебатираше за фокусот и приоритетите на Владата до крајот на мандатот за периодот 2019-2020. Овој панел беше отворен со воведно обраќање на премиерот Заев, а потоа во дебатата се вклучија и новинарот, Томислав Кежаровски, универзитетската професорка, Беса Арифи, граѓанска активистка и претседателка на НВО Амбрела, Љатифа Шиковска, директорката на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска и извршниот директор на ЦИВИЛ, Џабир Дерала како модератор на вториот панел дискусија.

„Отвараме важно поглавје, а тоа е иднината пред нас, за децата, за идните поколенија. Сѐ што направивме на надворешен план е заради иднината, економијата и јакнење на институциите. Направивме редослед на активности кои треба да бидат чекор по чекор реализирани за да направиме квантни чекори напред. Јас бев еден од оние кои им се придружија на граѓанските организации кога пркосевме на режим и на едно замолчено и кревко општество. Точно е дека првите приоритети ни беа на меѓународен план за да ги отворивме сите прозорци и врати на можности. Ние сме мала земја и мала економија. Ако не се вградиме во глобалниот свет ние не можеме да очекуваме прогрес“, рече премиерот Заев.

Премиерот Заев посочи дека за прв пат, Комесарот за проширување и добрососедство, Хан ја промовираше нашата земја како економска дестинација за нови инвестиции на Виенскиот Економски форум и тоа само по себе зборува колку многу напредок е постигнат до сега. Тој исто така се осврна на тоа дека е важно да ја вратиме довербата во правосудството, да имаме здравство во кое пациентот е на прво место и да имаме култура за денеска и за иднината, а не за минатото како што беше претходно.

„Многу работи се сменија во нашата земја. Придобивките мора да ги верификуваат и да ги потврдат граѓаните. Во многу земји се случувале тие придобивки, ќе се почувствуваат и кај нас. Постигнатите економски бројки сѐ уште граѓаните не ги чувствуваат непосредно, но сами по себе се надеж дека ќе се почувствуваат ефекти ако продолжиме по тој пат. Јас сум премиер кој сака да учи и да слуша. Ако заедно сработиме ќе ги максимизираме ефектите, убеден сум во тоа“, потенцираше премиерот Заев.

Во своето експозе за идните приоритети и политики, премиерот Заев се задржа на евроспките интеграции и ја истакна мотивацијата за динамичен континуитет во непосредните активности од нашиот процес за членство во ЕУ.

„За 9 или 10 месеци да бидеме полноправна членка на НАТО. Исто така важно е и ЕУ да испорача резултати, Не оквалификуваа како светол пример. Важно е сите да се вклучиме. Секој да ги засука ракавите и секој да го најде своето вистинско место. Мора да бидеме добар сервис за граѓаните“, рече премиерот Заев.

Во овој дел од дискусијата, професорката Беса Арифи даде свое видување за идните чекори и приоритети на Владата во следниот период и рече дека во Извештајот на Европската комисија е нотиран значителен напредок во рамки на реализацијата реформскиот процес, во сите области, а посебно во правосудството, разунавачките служби и во јавната администрација.

„Јас сум дел од Советот за следење на реформите во правосудниот систем можам да кажам дека со најголема посветеност се следени сите упатства од сите извештаи и на Прибе и на ЕК при носење на низа закони кои ни ја донесоа ова добра оценка во извештајот на ЕК. Владата, граѓаните, и академскиот сектор, беа партнери во носењето на овие закони. Како општество е важно да го видиме и она што не го пишува во извештајот“, додаде професорката Арифи и рече дека фокусот во следниот период треба да биде достапноста на правдата, имплементација на законите и квалитетната борба против корупцијата.

Директорката на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска во своето излагање зборуваше за потребата од квалитетно спроведување на законските решенија, на реформата во јавната администрација и на враќање на довербата на граѓаните во инситутциите.

„Неспорно е дека оваа влада во изминативе 2 години помина низ крупни процеси за да се отвори патот кон ЕУ и НАТО. Ние како граѓански организации низ комуникација со граѓаните знаеме како функционира јавната администрација. Општа констатација приоритет мора да биде на оваа Влада да ја врати довербата на граѓаните во администрацијата. И мора имплеметацијата да биде висока за да можат граѓаните да почувствуваат ефекти од реформските закони. Сѐ додека не се случи тоа не може да зборуваме за вистинска реформа во земјата. Се донесоа многу закони за кои претходно беше незамисливо дека ќе се донесат. Но, тоа бара висок степен на имплементација за да бидат постигнати ефектите. Потребен е систематски пристап“, рече Пировска и додаде дека за да ја направиме државата на задоволни граѓани мора да претрпи трансформација и културата на државната администрација.

Граѓанската активистка и претседателка на НВО Амбрела, Љатифа Шиковска зборуваше за очекувањата на ромската заедница од до сега сработеното, за Националата стартегија на Ромите и за новиот закон за социјална помош со кој зе зголемува помошта и опфатот на граѓани чии корисници во најголем дел се припадници на ромската заедница, за кој изрази очекување дека ефикасно ќе се имплементира.

Новинарот Томислав Кежаровски зборуваше за важноста на слободата на говорот и изразување, потсети на времето кога овие основни човекови права беа загрозени во периодот на владеење на претходната власт, и нагласи дека овие вредности мора да останат во врвот на приоритетите на Владата на РСМ.

„Правото на слобода на говор е едно од основните човекови права. Без слобода на говор нема слободни луѓе и слободни луѓе. Ова слобода е право на секоја демократија. Преку слободата на говорот може да корегираме она што го прави извршната власт. Новинарите треба да бидат надзор и контрола на власта. Важен е квалитетот и степенот на информирање на граѓаните“, истакна новинарот Кежаровски.

Спонзорирано: