Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Десеттата позитивната препорака е добиена благодарение на нас

Датум за преговори нема во јуни, исто како што немаше и минатиот. Има само уште една голема лага на измамникот Зоран Заев. Десеттата по ред позитивна препорака е добиена благодарение на продонесот на ВМРО ДПМНЕ, велат од најголемата опозициска партија преку соопштение.

„Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев е најнеспособна влада до сега. Најголемото ветување кое го дадоа Заев и Димитров минатата година по потпишувањето на срамниот договор од Преспа остана неисполнето. Годинешната препорака покажа дека минатата година Заев и Димитров заедно со владата ги излажаа граѓаните дека има датум за преговори на членство“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата понатаму во соопштението додава дека минатата година немало реформи во клучните области, а нема да има ни годинава.

„Извештајот ги потенцира слабостите во многу сектори. Слабости пред сè во врвот на корупцијата, состојбите во јавната администрација, состојбите во економијата и владеењето на правото. Оваа влада на Заев и следната година во јуни нема да има датум за почеток на преговори затоа што едноставно не ги бива и немаат капацитет да сработат.
Затоа решението е едно и едноставно, оваа влада да си замине и да дојде влада способна и посветена и конечно државата да почне преговори за членство во ЕУ“, додава ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

ДЕСК

Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

ДЕСК

Нова тура апсења на повеќе локации во Скопје: Седум лица лишени од слобода

ДЕСК